Limitless milk shirt – маица направена од млеко

90

Американскиот старт – ап Mi Terro развива маица што наместо ткаенина, како главна суровина го користи млекото.

Процесот на изработка на маицата започнува со ферментирање на млеко, што поради различни причини не се користи за широка потрошувачка, по што се обезмастува за да се отстранат маснотиите што ги содржи. Од тој процес се добива млеко во прав, од којшто се отстрануваат сите супстанци, освен природниот протеин под името казеин.

Се верува дека преку овој процес, маицата станува мека, а во исто време и антибактериска, не се гужва, а ги спречува и непријатните мириси.

Се очекува маичката да се продава по цена од 59 долари.

Стартапот има своја кампања на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде бара поддршка од 3.000 долари.

Фото: Kickstarter