Порастот на безготовинските плаќања нема да влијаат на готовината, туку ќе предизвикаат намалено користење на пластичните картички, покажува истражувањето на Deutsche bank.
Истражувањето покажува сосема различен став од популарните претпоставки дека деновите на книжните и кованите пари се одбројани, туку се предвидува дека парите ќе бидат во употреба оваа деценија поради силната доверба во нивната вредност, без оглед на неизвесноста што ја носат времињата.
“Кога луѓето ја анализираат иднината на плаќањата, имаат тенденција да го предвидуваат крајот на готовината. Нашето мислење е поинакво. Не само што мислиме дека готовината уште ќе потрае“, се наведува во студијата.
Во наредната деценија се предвидува дигиталните плаќања да одат со лесна брзина, што ќе доведе до “изумирање на пластичните картички“, бидејќи мобилните плаќања опфаќаат две петтини од трансакциите во САД, што е четири пати повеќе во однос на моменталното ниво.
Фото: Pexels