Victoria’s Secret има нов сопственик

100

Компанијата Sycamore Partners презема мнозински пакет акции на познатиот бренд Victoria’s Secret за 525 милиони долари. Sycamore Partners договори аквизиција со компанијата L Brands, досегашниот сопственик на брендот.

Sycamore Partners ќе преземе контрола на 55% од капиталот, додека L Brands ќе ги задржи преостанатите 45%.

Лесли Векснер, 82-годишниот милијардер кој управуваше со компанијата L Brands неколку децении, го напушта местото извршен директор и претседател на компанијата. Тој ќе остане во одборот на компанијата како почесен претседател.

Во соопштение за јавноста Векснер ги пофали Sycamore Partners поради големото искуство во малопродажната индустрија и рече дека ќе донесе свежа перспектива и поголем фокус на работата.

Инаку, Брендот Victoria’s Secret последниве години се соочува со големи проблеми поради падот на продажбата и растечката конкуренција.

Фото: Facebook