Нафтениот гигант, Saudi Aramco прикажа пад на нето добивката од 73,4% во вториот квартал оваа година, во однос на истиот период лани. Како причина за овој пад се наведува намалување на цената на нафтата предизвикано од пандемијата.
Нето добивката на Saudi Aramco во периодот април – јуни оваа година беше 6,6 милијарди долари, додека истиот период лани достигна вредност од 24,7 милијарди долари.
Нето добивката на една од највредните компании во светот, во првата половина од годината, е намалена за 50% на 23,2 милијарди долари во однос на 46,9 милијарди долари во првите шест месеци од 2019 година.
И покрај лошите резултати, Saudis Aramco подели дивиденда од 18,75 милијарди долари дивиденда за второто тримесечје, бидејќи ветила дека во следните пет години ќе подели дивиденда од најмалку 75 милијарди долари.
Цените на нафтата во април и мај достигнаа најниско ниво во последните неколку децении – под 20 долари за барел, поради намалената побарувачка предизвикана од пандемијата.
Минатата недела Saudi Aramco му ја предаде “круната“ на Apple како највредна компанија во светот.
Фото: Freepik