Акционерското собрание на Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за пренамена на задржаната добивка за инвестирање во добивка расположлива за распределба на акционерите.
“Акционерското собрание на Стопанска банка АД Скопје одобрува пренамена на неискористената задржана добивка за инвестирање во износ од 1.582.792.260 денари, распределена со Одлука за распоредување на добивката за 2019 година на Стопанска банка во задржана добивка расположива за распределба на акционерите“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
Стопанска банка АД Скопје изврши распределба на добивката за 2019 година, во износ од 2.371.128.570 денари во: задржана добивка за инвестирање – ограничена за распределба на акционерите во износ од 788.336.310 денари и задржана добивка за инвестирање во износ од 1.582.792.260 денари.
“Задржаната добивка за инвестирање од 1.582.792.260 денари требаше да се искористи во развојни цели и инвестирање во материјални и нематеријални средства за проширување на основната дејност на банка. Поради тоа што споменатиот износ не беше искористен за инвестирање во 2020 година, со оваа одлука Собранието на акционери врши пренамена од задржана добивка за инвестирање во задржана добивка расположива за распределба во иднина, врз основа на одлука од страна на Собранието на акционери“, стои во одлуката.
Фото: Pixabay