Семинар: Практична примена на Законот за катастар на недвижности

51

Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на компаниите кои имаат бројни прашања околу новиот Закон за катастар на недвижности што има за цел регулирање на активностите поврзани со одржување на катастарот на недвижности, Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности, денес од 10 до 15 часот, организира еднодневен семинар на тема: Практична примена на Законот за катастар на недвижности.

Предавачи на семинарот ќе бидат Неша Петрушевска, стручен советник на директорот за нормативно правни работи од областа на катастарот на недвижностите и Соња Димова, стручен советник на директорот за геодетски работи.

На семинарот ќе се зборува за практична примена на Законот за катастар на недвижности, новите надлежности на Агенцијата за катастар на недвижности, одржување на Катастарот, практична примена на подзаконските прописи сврзани со приватната геодетска пракса, премер на недвижностите, видови на геодетски работи со посебни намени и др.