Во Кичево ќе се гради фабрика за производство на биогас

65

Kicevo_11-08-2006Во општина Кичево денес беше издадена првата дозвола за градба на фабрика за производство на биогас, од страна на градоначалникот Фатмир Дехари.

Фабриката ќе се гради во индустриската зона Иванидол, а првичната бројка на вработени планирано е да биде 15 луѓе.

Инвеститорот кој ќе го гради овој објект од енергетскиот сектор во вредност од над еден милион евра, е жител на Кичево, кој е на привремена работа во Швајцарија.

Според градоначалникот Дехари ова е добар пример за сите оние кои сакаат да инвестират во Кичево.

“Оваа инвестиција е плод на нашето залагање и интензивно лобирање во претходниот период. Се надевам дека уште многу инвестици ќе има во иднина”, рече Дехари.