Управата за јавни приходи денес ќе ја промовира информатичко – форензичката лабораторија, како значајна алатка за поефикасна превенција, откривање и санкционирање на даночните затајувања и измами.
Во лабораторијата даночните инспектори ќе спроведуваат посебни форензички процедури за испитување на информатичките системи и опрема кај даночните обврзници и за утврдување на финансиски малверзации.
Промоцијата ќе се одржи во Генералната дирекција на Управата за јавни приходи во Скопје, кај Комплексот банки.