Канцеларијата на УСАИД во Македонија од денеска започнува со реализација на проекти за инвестиции во чиста енергија и за индустриски менаџмент. Со проектот за инвестиции во чиста енергија, освен што ќе се обезбеди техничка помош, ќе се спроведат и повеќе активности за поедноставување на процесот за развој на проекти и инвестиции во обновливи извори на енергија.
Според УСАИД, целат на овие проекти е да се подобри деловното опркужување во областа на обновливите извори на енергија и воспоставување процеси и процедуриза ниско емисиони развојни стратегии.
Проектот, пак, кој ќе се однесува на индустрискиот менаџмент има за цел да ја зголеми конкурентноста на индустриите преку намалување на трошоците за енергија, кои што се делат од трошоците на производство. Крајната цел, како што истакнуваат од УСАИД, е намалување на емисиите на стакленичките гасови.