Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври 2013 година изнесува 1.063.576 илјади денари што претставува намалување за 6,4% во споредба со октомври 2012 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 6,9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 5,9%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај индустриските и градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млечните производи и рибата.
Намалување е забележано кај житата, фуражните растенија, грозјето, добитокот и млекото.