Централна кооперативна банка доби нови членови во Управниот одбор

Народната банка на Република Северна Македонија даде претходна согласност за именување на двајца нови членови на Управниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Со одлука на Извршниот одбор на Народната банка, донесена на 12 декември 2025 година, Неделин Валчев доби претходна согласност да биде именуван за член на Управниот одбор на Централна кооперативна банка за мандат од две години.

Истата одлука, со посебно решение донесено истиот ден, се однесува и на Орце Трајковски, кој исто така доби претходна согласност од Народната банка за членство во Управниот одбор на Банката за период од две години.