Во второто полугодие на 2013 година пад од 2,24% на малопродажната цена на електричната енергија

30

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2013 година, во Република Македонија, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 4,88 денари по KWh, што во споредба со првото полугодие од 2013 година претставува пад од 2,24%.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,65 до 7,99 денари по KWh, по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 24,60 до 26,13 денари по nm3, по групи на потрошувачи.