На аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид претпладне ќе слета првиот од предвидените четири чартер лета со 186 австриски туристи.
Летот ќе го реализира австриската компанија Флај Ники.
Според статистичките податоци, Македонија во февруари годинава ја посетиле 248 туристи од Австрија, што е 1,5% од вкупниот број странски туристи.
Во текот на летната сезона минатата година во Македонија престојувале над 4.600 австриски туристи.