Мисијата на ММФ во посета на земјава

43

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Ивана Владкова Холар, од денеска до 19-ти мај престојува во Македонија.

Тема на разговорите ќе биде Пост-програм мониторинг (ППМ). Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.

Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.