Неколку ситуации кога е најпаметно да молчите

108

ne-zboruva

Фото: Pexels

Кога сакате да остварите некои цели или да развиете добри бизнис односи, понекогаш и еден збор е премногу и може сè да уништи. Во тие мигови звукот на тишината е најдобриот звук.

Погледнете во кои ситуации најдобрата реакција е ништо да не кажете.

1. Кога другата страна во преговорите ќе почне да дебатира против себеси

Понекогаш луѓето влегуваат во спирала на лоша преговарачка тактика. Тие ќе почнат да се надмудруваат себеси – можеби ќе дадат понуда и потоа ќе ја отфрлат, мислејќи дека вие нема да ја прифатите. Замислете клиент што бара попуст, а потоа самиот кажува дека тоа е премногу за да го побара од вас.

2. Кога поставуваат прашања

Го знаете ова, нели? Кога ќе ви постават вакви прашања, а не го чекаат одговорот. Понекогаш луѓето прашуваат за совет, а всушност не сакаат да го слушнат вашето мислење, па велат: Така е, нели? Тие само брзаат и сакат да ги кажат работите од сопствената гледна точка.

3. Кога немате идеја што зборувате

Тишината најчесто е непријатна. Како резултат на тоа, луѓето брзаат да ја исполнат со зборови. Никогаш не треба да ја исполните тишината, посебно кога немате нешто паметно и корисно да кажете.

4. Кога е потребно некој друг да добие заслуга

Можете да постигнете се ако не се грижите кој ќе ги добие заслугите на крајот. Тоа значи дека понекогаш треба да премолчите и да дозволите другиот да ја искористи вашата идеја или решение на проблемот и да ја презентира како своја.

5. Кога се фалите, што е спротивно на споделување

Ова е едно зло на социјалните мрежи. На пример на Facebook понекогаш изгледа дека сите што ги знаете патуваат на прекрасни места, трчаат маратони, јадат здрава храна и имаат врска со партнерите од соништата. Дали е ова социјално споделување или само фалење?

6. Кога коментирате за себе повеќе отколку за другата личност

Кога некој колега ќе почне да ви зборува за одморот што го планирал и вие веднаш почнете да му давате предлози што според вас се подобра дестинација, тогаш подобро е да замолчите. Пред сè треба да се запрашате дали тоа го правите добронамерно или од љубомора.

7. Кога сакате некој друг да расте

Овде е слична поента како и кога ќе сакате некој друг да ја добие заслугата за добра идеја.

Наместо да скокате напред за да одговорите на прашањето на кое го знаете одговорот, понекогаш е подобро да замолчите и да оставите другите да го осознаат одговорот.

8. Кога е јасно дека сте им здодевни на луѓето

Сите луѓе сакаат да раскажуваат. Но, ретко кој може да биде доволно објективен и да увиди дека им е здодевен на останатите. Доколку забележите дека нема интерес кај луѓето за тоа што го зборувате, не го сфаќајте тоа лично, едноставно замолчете.

9. Кога почнувате говор

Секогаш кога треба да почнете да говорите пред публика, можете неколку минути да молчите. Тоа ќе ви помогне да си ги средите мислите, а и ќе ја добиете наклонетоста на публиката која ќе помисли дека сте ги изгубиле белешките или дека ве фатило паника.