Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, во јужните делови проследени со грмежи. Во ноќните часови врнежите наместа ќе бидат пообилни и се очекува локално да наврнат над 20 л/м2 за 12 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе опаднат и ќе се движат во интервал од 16 до 27 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.