Во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и шведската владина агенција Open Trade Gate Sweden организира семинар на тема Извезувај во Шведска.
Целта на овој семинар е да се помогне извозот на производи од прехранбената индустрија (свежо овошје и зеленчук, преработки, кондиторска и смрзната храна) како сектор од посебно значење за Република Македонија.
Во организација на настанот е вклучена и Амбасадата на Шведска во земјава.