Промоција на првото печатено издание на Белата книга на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
“Белата книга е добра можност да се види како компаниите со странски капитал во земјава ја перцепираат бизнис климата во државата, со какви предизвици се соочуваат при водење бизнис и следствено на тоа кои се нивните препораки и насоки на делување со цел доближување до најдобрите светски практики и принципи на работење во земјите од каде што и самите доаѓаат“, велат од Советот на странски инвеститори.
На промоцијата на Белата книга се очекува присуство на членови на Советот, на Владата и на претставници на странските амбасади во земјава.