Акциите на Бетон Штип се исклучуваат од котација на берза заради стечај

43

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 11-ти јули донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Бетон АД Штип, заради стечај на друштвото.

Акциите издадени од Бетон АД Штип ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од денеска, 12-ти јули.