Алкохолните пијалоци се продаваат до 21 часот

24

Алкохолните пијалоци во трговските објекти во Македонија од вчера се продаваат од шест до 21 часот, наместо до 19 часот.

Продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци, според законските одредби, важи од први мај до крајот на септември. Забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетници и понатаму останува.

Според законските одредби, за лицата кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции забрана за вршење дејност и парична казна до 5.000 евра.