Башчаршија во Сараево со 80% помалку гости годинава

156

Во познатите ќебапчилници во сараевската Башчаршија има 80% помалку гости, а сопствениците велат дека им недостасуваат странски гости, пренесуваат тамошните медиуми.

“Туристи нема како и бројните резервации што секогаш ни создаваа ‘проблем’, бидејќи постојано имаше гужва и скоро никогаш немаше празно место. Сега скоро сè е празно, работиме со 80% помал капацитет“, велат сопствениците на ќебапчилниците, кои работат со помалку вработени, бидејќи некои се ангажираат согласно потребите или годишните одмори.

“Има гости кои се навистина одговорно, но има и такви кои не пазат на физичка дистанца што ни ја отежнува работата. Просториите ги дезинфицираме, чистиме секој ден, проветруваме. Нашите вработени се заштитени и многу внимаваме да го сочуваме нивното и здравјето на гостите“, вели еден од сопствениците.

Иако бројот на гости е намален, цените, услугата и производите не се променети.

Фото: Pixabay