Биди информиран!

78

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус започна со реализации на обуки за медиумска писменост во рамките на проектот „Биди Информиран“ финансиран од општина Гази Баба. Основна идеја за реализација на овој проект е времето во кое живееме, кога луѓето постојано се опкружени со различни медиуми и информации, неопходно е истите, а посебно младите да умеат да се справат со неконтролираниот наплив на различни информации. На луѓето им се потребни нови вештини и знаења за да можат да учествуваат во општствениот живот користејќи ги медиумите и новите информатички технологии во позитивна насока.

Проектот “Биди Информиран!„ има за цел промовирање и развивање на медиумската писменост во општина Гази Баба со цел активен придонес кон иницирање и решавање на локални предизвици со кои се соочуваат граѓаните во таа општина. Поради изборните процеси кои се случува во 2021 година медиумскиот простор е преполн со различни видови на информации кои имаат цел за манипулација и свртување на вниманието на граѓаните. Преку проектот граѓаните ќе можат да препознаат што е вест, а што манипулација и ќе се поттикнат да дејствуваат за решавање на локалните предизвици..

Концептот на медиумска писменост е да ја зајакне отпорноста на јавноста, но и со способност за справувањето со негативните ефети од феномените кои произлегуваат од лажните вести и „пост-вистината“, како и рушење на јавната доверба, зголемување на говорот на омраза, поларизираност на политиките и фрагментираноста на медиумите.

Концепт плус: “Промовирањето на медиумската писменост значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување и развој на граѓанска свесност. Демократско општество претпоставува непречено уживање на правото на слобода на говор и информирање, како предуслов за изразување на граѓаните и активно граѓанство Истовремено активностите кои се реализираат во овој проект е и да се промовира и да се поттикне поголемо учество на младите во општеството„.

Досега во рамките на проектот се одржаа 2 обуки за медиумска писменост кои беа интерактивни и беа изработени 2 предлог акции за решавање на локалните предизвици. Предвидено е да се имплементира уште 2 обуки во текот на месец ноември.

Проектот „Биди Информиран“ е финансиски поддржан од општина Гази Баба, а го имплементира Здружението на граѓани КОНЦЕПТ Плус во 2021 година.