Бизнис Инфо медиумски партнери на Nordic Business Forum

89

Бизнис Инфо годинава ја има честа да биде медиумски партнер на Nordic Business Forum, еден од најголемите бизнис настани во Европа.

Годинава форумот се одржува од 9-ти до 10-ти октомври во Хелсинки, Финска, каде што учествуваат повеќе од 7.500 извршни директори од разни компании и светски познати говорници.

Мисијата на Nordic Business Forum е Building leaders who change the world или Создавање на лидери кои ќе го сменат светот.

Настанот се организира десетта година по ред, а вклучува бизнис конференции насочени кон креирање на подобро лидерство.

Конференции, коишто привлекуваат повеќе од 10.000 посетители се организираат во Финска, Шведска и Норвешка.

Nordic Business Forum во живо го следат десетици илјадници луѓе, а доколку сакате да бидете еден од нив кликнете тука.