Бришење на Сковин АД Скопје од Листата за набљудување

78
Берзата денеска (11.02.2021 година) изврши бришење на издавачот Сковин АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради изминување на периодот од три месеци во кои издавачот Сковин АД Скопје требаше да се наоѓа на Листата согласно Заклучокот на Одборот на директори за обрнување внимание на инвеститорската јавност за издавачот Сковин АД Скопје од 10.11.2020 година.
Издавачот Сковин АД Скопје беше внесен на Листата на набљудување на 11.11.2020 година согласно 61-а од Правилата за котација, поради тоа што според објавената Одлука за одобрување на голема зделка – продажба на подвижен и недвижен имот, пренос на трговски марки и засновање на заложно право (хипотека) врз недвижности кои се предмет на продажба, донесена на Собрание на акционери на издавачот одржано на 27.11.2019 година и објавеното образложение на неревидираните финансиски извештаи за период 01.01-30.06.2020 година, друштвото има извршено продажба на целокупниот имот.