Capitol Mall & Residence се отвора на 12 декември

34

bd0df616-c255-449c-a748-ec41ee978584Новиот трговски и резиденцијален комплекс Capitol Mall & Residence официјално ќе биде отворен на 12-ти декември.

Комплексот кој се наоѓа во скопската населбата Аеродром, се простира на вкупна површина од 33.500 метри квадратни.

Шопинг центарот е сместен на првите четири нивоа и зафаќа простор од 12.500 метри квадратни, а резиденцијалниот дел е на горните четири ката на површина од 6.000 метри квадратни.

Паркинг просторот се простира три нивоа под земја, на површина од 15.000 метри квадратни.

Шопинг центарот Capitol Mall & Residence е составен од 62 локали, во кои ќе има различни интернационални, регионални и локални брендови.

“Мисијата на инвеститорот беше да се организираат различните содржини за различни афинитети, кои несомнено ќе му дадат дополнителна вредност не само на шопинг центарот, туку воопшто на Аеродром и на Скопје. Доколку се тематизира просторот, тоа би значело дека е поделен во неколку сегменти, како што е мега супермаркет и шопинг ареал, следува делот за забава и рекреација, потоа кафулиња, ресторан и неколку фаст-фуд локали, и секако, она на што сме особено горди, детскиот центар на околу 1.200 метри квадратни, еден од најголемите и најразновидните по содржина во регионот”, велат од Capitol Mall & Residence.

Вкупната инвестиција за целиот проект изнесува 30 милиони евра, а планирано е да отвори нови 500 работни места.