Concept_One:  Електричен хиперавтомобил на хрватската Rimac Automobili

20

1

Хрватската компанија Rimac Automobili го претстави својот електричен хиперавтомобил Concept_One.

Погонот го сочинуваат четири електромотори со перманентни магнети поставени во средината на погонските оски. Суперавтомобилот на Rimac има 1088 коњски сили, постигнува забрзување до 100 километри на час за само 2,6 секунди, до 200 км/ч за 6,2 секунди, а 300 км/ч постигнува за 14,2 секунди. Посебно се истакнува системот R-AWTW (Rimac All Wheel Torque Vectoring), развиен во самата компанија, кој прецизно го распределува оптималниот момент за секое тркало.

2

“Мојата цел беше да не создаваме електрична верзија на веќе постоечки суперавтомобил. Сакав да креираме технологија што ќе ги направи суперавтомобилите подобри во секој поглед – побрзи, позабавни и поефикасни. Сакав да направам суперавтомобил на 21-от век. Concept_One има перформанси што за електрични автомобили се сметаа за невозможни пред неколку години. За да го достигнеме ова ниво на перформанси, прво моравме да развиеме технологија, потоа автомобил”, вели во соопштението Мате Римац, основач и извршен директор на Rimac Automobili.

3

На моделот Concept_One се работи пет години и ќе бидат произведени само осум примероци. Најавена е продажна цена од околу 800.000 евра.

Concept_One ќе биде претставен на меѓународниот Motor Show што ќе се одржи во Женева од 3 до 13 март.

4