Данска: Пловни студентски домови по цена од 600 долари месечно

3

the-first-shipping-container-unit-in-copenhagen-is-accessible-by-a-bridge-a-solar-array-on-top-of-one-of-the-containers-powers-the-homes-and-for-heating-and-cooling-the-units-draw-on-the-surrounding-waterUrban Riggers, старт – ап за домување основан во 2013 година, креираше комплекс од пловни домови за студенти, пишува Business Insider.

Месечната цена за изнајмување изнесува 600 долари. Домовите се подвижни и направени од контејнери за бродски транспорт и имаат доволно простор за солидно живеење на еден млад човек. Секоја просторија вклучува спална соба, бања и кујна коишто нудат целосна приватност. Исто така, има и заеднички простории, двор, место за кајак, платформа за капење, место за скара и тераса на покривот.

Светски познатиот архитект Бјарк Ингелс стои зад дизајнот на градбите, а првата којашто се состои од 12 домови е веќе пуштена во употреба во Копенхаген. Комплексот ја користи сончевата енергија, а за ладење и греење водата што го обиколува. Секоја единица се состои од шест контејнери наредени во форма на триаголник.

Следен чекор на Urban Riggers е да се донесат овие домови во Шведска.

the-dorms-all-have-a-private-kitchen-private-bedroom-and-bathroom-not-only-do-they-give-ample-space-but-the-windows-also-allow-for-plenty-of-natural-light-and-a-great-view-of-the-oceanupstairs-there-are-boardwalks-and-roof-terraces-that-offer-a-terrific-view-of-the-citythe-education-of-our-youth-is-one-of-the-best-investments-any-society-can-make-ingels-tells-fast-company-in-that-sense-not-investing-in-our-future-is-simply-the-worst-place-to-cut-cornersurban-rigger-hopes-that-this-unit-will-be-one-of-many-in-cities-that-are-struggling-with-housing-shortages-and-sea-rise-next-up-bringing-the-floating-dorms-to-sweden

Фото Urban Riggers.