Дел од добивката на Технометал Вардар за резерви, остатокот нема да се распределува

66

tehnometal-vardar

Технометал Вардар донесе предлог одлука за распределба на чистата добивка остварена по годишната сметка за 2015 година.

“Чистата добивка во износ од 96.954.000 денари, остварена по годишната сметка на Технометал Вардар за 2015 година, се распределува: 5% во износ од 4.848 денари за задолжителна законска резерва – општ резервен фонд и остатокот од 92.106 денари се пренесува за наредната година како нераспределена добивка“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Главна дејност на компанијата е увоз и извоз, големопродажба, како и малопродажба на широк асортиман на производи од железо и челик, електро и индустриски материјали, механизација и возила, хемиски, текстилни и прехранбени производи. Исто така, компанијата нуди и услуги од областа на шпедиција и складирање, осигурување, туризам и угостителство.