Денеска сончево, од утре дожд и снег

14

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер со променлив правец. Утринските температури се движат од нула до седум степени , а дневните од 14 до 23 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 21 степен.

Во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито со мал пад на температурата, додека во повисоките предели се можни врнежи од снег. Во среда ќе има уште поизразен пад на температурите, а утринските ќе се движат и во минус.