Денеска сончево, од утре дожд

21

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Во текот на денот ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Максималните дневните температури ќе се движат од 16 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло, со слаб југоисточен ветер и максимална дневна температура до 24 степени.

Почнувајќи од среда, за следните денови до викендот метеоролозите најавуваат благ пад на температурите и умерено облачно и нестабилно време проследено со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито.