ДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот волонтерски ден на падините на Водно

67

 

dhl

Како дел од групацијата на DP DHL, вработените од ДХЛ Експрес Македонија учествуваа во одржувањето на чиста животна средина (Go Green) и го одбележаа Глобалниот волонтерски ден во саботата, 03 октомври 2015.

45 вработени од ДХЛ Експрес Македонија помогнаа во расчистување на отпадот од падините на планината Водно, едно од најзначајните излетнички места во Скопје. Секој беше возбуден и среќен, затоа што можеше да даде мал придонес за нашата заедница и воопшто за нашето живеење. Сето ова е со цел да се помогне и делува во локалната заедница и воедно да се подигне пасијата за волонтеризам меѓу вработените.

ДХЛ  продолжува со своите активности и во иднина и тоа се со цел, подобрување на нашата заедница и заедничкото живеење во здрава и чиста околина (Go Green), помагање онаму каде што има потреба (Go Help) и помаш во едукацијата (Go Teach).