DHL и Boeing направија зделка од 4,7 милијарди долари

23

Фото: Pixabay

Меѓународниот експресен авиопревозник DHL му нарачал на Boeing 14 авиони од моделот  Boeing 777 Freighters, како и правата за купување на седум дополнителни товарни авиони, пишува Business Insider.

Договорот за нарачката е во вредност од 4,7 милијарди долари, според моменталните цени на пазарот, а зделката беше откриена на отворањето на овогодинешното меѓународно авиошоу, Farnborough Airshow, кое се одржува во Јужна Англија.

Глобалната побарувачка за воздушниот товарен превоз се зголеми за речиси 10% во однос на  минатата година, при што растот на побарувачката го надмина растот на капацитетите. Прогнозите велат дека проширувањето на прекуграничната продажба на е-трговија ќе порасне до 4,48 трилиони до 2021 година, што значи годишен раст од 19,2 % годишно. И токму затоа инвестицијата на DHL во 777 Freighters е директен одговор на зголемената побарувачка и прогнозите за иднината на е-трговијата.

Инаку, Farnborough Airshow е најголемиот настан во авионската индустрија оваа година. Заедно со Paris Airshow, претставуваат места каде што секоја година се прават повеќе од четвртина од нарачките во авиоиндустријата.