Дивиденда за имателите на приоритетни акции во Стопанска банка

135

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на приоритетните акции на банката за 2020 година.

“Стопанска банка АД Скопје ќе изврши исплата на дивиденда на приоритетни акции за 2020 година во вкупен износ од 1.364.664 денари или бруто износ од шест денари по акција. Основицата за пресметка на дивидендата изнесува 90.977.600 денари (227.444 приоритетни акции по номинална вредност од 400 денари по акција)“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Датумоt на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, е 15-ти јули оваа година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 13-ти јули, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 14-ти јули.

Фото: Pixabay