Добивка од над 29 милиони денари за Грозд од Струмица

73

grozd strumica

Компанијата Грозд од Струмица прокнижи добивка од 29.354.000 денари во 2014 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година, добивката на компанијата била 44.762.000 денари.

Приходите од продажба на компанијата се во висина од 183.153.000 денари од кои на домашен пазар се остварени 138.739.000 денари, додека реализацијата на странски пазари е 44.414.000 денари.