Екс-ју бруталистички споменици ги фасцинираат корисниците на Instagram

99

Бројни споменици и градби од бившите југословенски простори, сè почесто си наоѓаат свое место на Instagram. Зданијата коишто се дел од бруталистичката архитектура ги фасцинираат туристите од целиот свет.

Еден таков типичен пример е кулата Генекс, којашто се наоѓа на автопатот што ги поврзува центарот на Белград со аеродромот во градот.

Кулата датира од 1977 година, а нетипичната градба што личи на “вселенска капсула“, иако е прилично запоставена, измамува погледи и фотографирања, пишува Reuters.

Архитектонскиот стил брутализам бил многу популарен во 50-те и 60-те години на минатиот век. Градбите се бетонски, составени од повеќе блокови и изгледаат прилично “сурово“.

Интересот за овој стил сè повеќе расте, а тоа го потврдува и минатогодишната изложба во Музејот на современи уметности во Њујорк наречена Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948-1980.

Фото: Facebook