ГД Тиквеш од Кавадарци за девет месеци прикажа 4,9 милиони денари добивка

196

gd-tikves

Компанијата ГД Тиквеш од почетокот на годината до крајот на септември прикажа вкупна сеопфатна добивка од 4.961.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Загуба од 7.078.000 денари оствари компанијата во периодот јануари – септември лани.

Приходите од продажба во текот на деветте месеци од 2016 изнесуваат 157.526.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 150.681.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 6.845.000 денари.

Основна дејност на ГД Тиквеш Кавадарци е земјоделско производство.