Германците не ги сакаат дизелашите, ги купуваат само Балканци

821

Во Германија дизел-возилата вртоглаво ја губат својата цена затоа што многу градови го ограничуваат нивното движење. Дизелите со Еуро 5 стандард веќе одамна не можат да се продадат, а сега престана да се продава и Еуро 6.

Дилерите во Германија немаат многу избор од системот старо за ново, бидејќи доаѓаат понови дизел возила со Eуро 6, коишто стануваат поевтини наместо да ја задржат цената. Проблемот е што нема купувачи за нив освен оние кои доаѓаат од Балканот. Вкупно околу еден милион дизелаши во Германија (претежно според стандардите Еуро 5 и Еуро 6) чекаат на плацевите.

Користен пасат со Еуро 6 стандарди се продава за 29.000 евра, а сега се нуди за 21.000 евра и никој не го сака. Понатамошно спуштање на цената води кон банкрот, вели за РТС, дилер на половни возила во Германија Акај Гунд Хасан.

И загубата на дилерите на автомобили во Германија се зголемува, многу од нив прогласија банкрот заради лошата состојба.

“Според нашите проценки, моментално има 350.000 дизелаши со Еуро 5 во рацете на дилерите. Овде се заробени над пет милијарди евра. Тие на купувачи чекаат 106 дена, а секој ден трговците секој автомобил го чини 28 евра“, вели Урлих Кендлер од Здружението на трговци.

Не е тајна дека најголемите купувачи на овие автомобили се Срби, Хрвати, Бугари и Македонци.

Фото: Pexels