Хрватска ќе добие ресорт вреден речиси една милијарда евра

70

Во Улцињ, Хрватска планирана е градба на мега луксузен ресорт наречен Mavrijan Luxury Resorts, а според тамошните власти заинтересирани се инвеститори од Катар и Египет.

Целиот комплекс, вклучувајќи и пристаниште, ќе зафаќа површина од 63 хектари, а ќе има три луксузни хотели и 105 вили, со околу 5.000 кревети. Mavrijan Luxury Resorts and Villas се проценува дека ќе вреди од 600 милиони до една милијарда евра.

Пристаништето ќе има 147 влезови, широко шеталиште, хелиодром, ресторан и пристап за амфибиски и хидроавиони, пишува Пословни дневник.

Хотелот A ќе биде со површина од 32.000 метри квадратни, хотелот B 47.800 метри квадратни, додека хотелот C ќе располага со површина од 22.299 метри квадратни.

Казино хотелот ќе има 21.800 метри квадратни од кои повеќе од 10.000 наменети само за казиното. Вилите, 105 на број, планирано е да зафаќаат површина од 350 метри квадратни, а првенствено ќе бидат наменети за семејства и ќе ги имаат сите потребни содржини надвор и внатре.

Фото:Pixabay