Хрватска: Со еден клик до бензинска пумпа со најевтино гориво

41

gorivo

Со цел дополнителна заштита на потрошувачите, хрватското министерство за економија отвори посебна интернет страна за цените на моторните горива на сите продажни места во земјата.

На http://www.min-go.hr ќе биде достапен попис на сите бензински пумпи со сите цени, а посебно ќе бидат истакнати бензинските пумпи со најниски цени. Покрај информација за цените, веб страната преку геолокација или пребарување ќе дава и точни информации за оддалеченоста на корисникот од бензинската пумпа, како и други корисни информации за возачите, како работно време или дали постои пристап за лица со хендикеп, стои во соопштението на интернет страната на министерството.

Од следната недела ќе биде достапна и бесплатна мобилна апликација за сите видови мобилни уреди.

Енергетските субјекти во Хрватска кои се занимаваат со трговија на мало со нафтени деривати, од 15 овој месец се должни секоја промена на малопродажната цена на нафтените деривати и биогориво да ја достават до министерството за економија.