И денеска дожд

21

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд во утринските часови, особено во северните делови од земјава. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 10 до 20 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 18 степени.