Инвестициски фондови на КБ Публикум инвест – подобар начин на инвестирање

191

Фото: Pixabay

Имате слободни финансиски средства и сакате да ги вложите во исплатлива и паметна инвестиција? Како можност пред вас стои отворениот инвестициски фонд КБ Публикум – МБИ10.

Фондот има за цел реплицирање на македонскиот берзански индекс МБИ 10. Во него се вклучени 10 најдобри македонски компании што ги исполнуваат критериумите на Македонската берза (Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Гранит АД Скопје…).

Фондот е формиран на 31.03.2017 година и заклучно со 10.03.2019 година оствари принос од основање од 51,64%. Во текот на календарската 2018 година, годишниот принос изнесуваше 34,28%.

Во овој фонд удели може да имаат домашни или странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување (1.000 денари). Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира повисоко ниво на ризик и затоа се препорачува на инвеститори кои сакаат средствата да ги вложат на период над една година.

И покрај значајниот раст во изминатите две години, овој фонд и понатаму нуди потенцијал на инвеститорите за остварување на позитивни резултати во наредниот период.

Доколку сте заинтересирани за ваков вид на инвестиција и можностите за остварување на добивки во наредниот период, може да се информирате за сите детали на настанот што го организираат CEED Macedonia и КБ Публикум инвест. Настанот ќе се одржи во просториите на CEED Hub Skopje на 21.03.2019 година од 14:30 до 16:30 часот.

Говорници на настанот ќе бидат Горан Марковски, член на Одборот на директори и Главен извршен директор во КБ Публикум инвест, и Андреј Пулејков, член на Одборот на директори и Извршен директор на КБ Публикум инвест,

За сите детални информации околу настанот, може да се обратите на bramljak@ceed-macedonia.org или на 076 496 616, Биљана Рамљак.