Како инвестираат жените, а како мажите?

13

investitori

Фото: Pixabay

Mеѓу мажите и жените постојат големи разлики, а тоа го докажале и многубројни истражувања. Разликите меѓу половите постојат во начинот на кој размислуваат, на кој делуваат, па дури и на кој инвестираат. Ние ќе се задржиме на разликите кои влијаат на донесувањето одлуки при инвестирање.

1. Жените имаат тенденција да се фокусираат на долгорочни не-монетарни цели

Генералното мислење е дека жените најчесто парите ги поврзуваат со сигурноста, независноста и со квалитетот на живеењето. Според истражувањата на однесувањата на половите во менаџирање на богатството, донесен е заклучок дека жените се фокусирани на подолгорочно планирање. Мажите, од друга страна, поттикнати од нивната компетитивна и импулсивна природа, често се фокусирани на краткорочни инвестиции.

2. На жените им е потребно повеќе време да донесат одлука, отколку на мажите

Повеќето истражувања покажуваат дека жените пред да донесат одлука за инвестирање, сакаат детално да го истражат пазарот. И како резултат на тоа потребно им е повеќе време, отколку на мажите. Исто така жените имаат тенденција да бидат потрпеливи како инвеститори и да се консултираат со советници пред да го адаптираат своето инвестициско портфолио. Мажите се посклони кон моменталните пазарни импулси. Жените сакаат да соберат повеќе информации и групно да дискутираат за инвестициите, додека пак мажите повеќе преферираат индивидуален пристап.

3. Жените бараат повеќе помош

Жените инвеститори се поприемчиви на финансиските истражувања и совети, отколку мажите. Тие почесто бараат финансиска помош и консултантски услуги, но откако ќе стекнат доверба, тие се исто така полојални клиенти со нивниот фокус на трајни односи.