Како на одмор во Будва со платежна моќ од 500 евра?

98

Скоро 80% од гостите кои престојуваат во Будва имаат помеѓу 16 и 49 години и ја посетиле повеќе пати. Најчесто ја избираат оваа дестинација поради релаксација, забава, природни убавини, нови искуства, гастрономија и култура, покажува истражувањето Guest Survey 2019, коешто го спроведе локална туристичка организација.

Меѓутоа, половина од гостите имаат платежна моќ помала од 500 евра, па се поставува прашањето, можат ли да ги исплатат сите активности и трошоци среде сезона?

Кај 32% од посетителите платежната моќ е помеѓу 500 и 1.000 евра, 11% имаат личен приход од 1.000 до 2.000 евра, додека 7% од туристите заработуваат повеќе од 2.000 евра месечно.

Кога станува збор за трошоците, еден гостин во просек дневно троши 23 евра во ресторани, 17,5 евра троши за сувенири, 15,1 евра за забава, 13,61 евра за храна и пијалаци во продавници и маркети.

Анкетата е правена во текот на летните месеци во 2019 година, а во неа учествувале 1.068 испитаници. Истражувањето покажува дека за време на подготовката за патување гостите се потпираат на информации кои ги добиле од други луѓе или на свои лични искуства.

Најзадоволни се од љубезноста на локалното население, квалитетното сместување и  услугата во рестораните.

Под просек ги оценуваат градските комунални проблеми, купувањето сувенири, спортски и културни активности и услугите на туристичките водичи.

Фото: Pixabay