Каталог со нови правила за информации за храна

25

naslovna

Под мотото Заеднички да изградиме регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди, денеска ќе биде промовиран новиот лик на GS1 Каталогот, што е комплетно усогласен со новите правила поврзани со информациите за храната и ЕУ-регулативата 1169/2011, пишува Миа.

На промоцијата на каталогот, која е во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, ќе се обратат претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, претседател на Управниот одбор на GS1 Македонија Симон Наумоски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.