Негативниот изглед во потврдениот кредитен рејтинг е одраз на надолните ризици на јавните финансии и економскиот раст на краток рок пред се поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порачува дека во јуни или јули годинава нема да дозволат зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.
Интернационалните настапи на македонските возачи во Twingo Cup продолжуваат викендов со настап на патеката Slovakia Ring во Словачка.
Овие информации му ги дал грчкиот министер за туризам Харис Теохарис при последниот телефонски разговор што го имале минатата недела.
Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово денеска е поставен камен темелник на нова заедничка инвестиција на американската компанијата ЛЕАР и Нормак Инвестмент Груп, која ќе отвори можност за вработување до 1500 лица.
Новите решенија во Законот за работни односи,  ќе значат одреден степен на гаранција за работниците преку целата година, но и гаранција за работодавачите дека наредната сезона ќе имаат сигурни работници,
Македонската развојна фондација за претпријатија, денес, 7 мај 2021 г. го одржа онлајн настанот: „CreatINNES – Креативност и претприемништво. Поврзаност и важност”.Пред повеќе од...
Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за жена амбасадор на e-трговија од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет.
Онлајн обуките ќе се одржуваат на 20 и 21 мај 2021 година, со шестчасовни предавања дневно. Учесниците ќе имаат можност да полагаат и да се сертифицираат со светски признаена диплома.  
Трошоците на животот во април 2021 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,7%, додека порастот кај цените на мало е 0,6%.
Oваа одлука ќе се донесе заедно со Комисијата за заразни болести, доколку епидемиолошката слика го овозможи тоа.
Почнувајќи од утре, сабота, осми мај, на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид поставен е пункт за КОВИД-19 тестирање
Со 46,5 милиони евра обезбедени од Светска банка ќе бидат реализирани два проекта во земјава. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот...
Првиот ден на Рамазан Бајрам, 13-ти мај (четврток), ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Во текот на минатата година, 81% од жителите на Европска унија, на возраст од 16 до 74 години, користеле паметен мобилен телефон во последните три...
За 2021 година, ФИТР ќе спроведе јавни повици за финансиска поддршка преку различни инструменти во износ од 17,5 милиони евра. Од портфолиото на Фондот во тек е реализацијата на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра.
САД преку УСАИД, од 1993 година досега, имаат инвестирано над 830 милиони долари во развојот на Република Северна Македонија.
Со планот за обнова  и трансформација на европската економија преку Фондот за закпрепнување приоритет ќе бидат инвестиции во зелена економија, дигитализација и пост-ковид закрепнување.
Негативните каматни стапки засега од Народна банка не ги согледуваат како можна поставеност кај нас.
Цените на угостителските услуги во април 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,1%.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 1.661.216.000 евра и бележи пораст од 18% во однос на истиот период од претходната година.
Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Кундурoс се согласија дека во периодот кој следи ќе продолжат со интензивна меѓусебна комуникација за унапредување на економските односи помеѓу двете пријателски земји
По повод првиот роденден на веб продавницата, Гемак Трејд подготви промотивно роденденско изненадување. Имено сите оние кои денеска, 6 мај, ќе направат нарачка во вредност над 3.000 денари, ќе добијат попуст на нарачката од 500 денари.