Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,30%.
НЛБ Банка АД Скопје значително придонесе кон вкупната добивка на НЛБ Групацијата со рекордната нето добивка од 34,6 милиони евра по локалната методологија или 40 милиони евра по НЛБ методологијата.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2018 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 24,9 %, зголемената конкуренција на пазарот со 19,8 %, зголемената понуда на пазарот со 12,9 % и недостиг на обучен кадар со 10,0 %.
Настанот почнува во 11 и ќе трае до 15 часот, а ќе може да се вкусат специјалитети од различни земји, да се купат книги и ракотворби од различни уметници.
Од 15 мај годинава, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута.
Вчера во просториите CEED Македонија од 16 до 18 часот се одржа промо настан од отворен карактер, каде што во пријатна атмосфера присутните жени претпримачи и менаџери имаа можност да се запознаат со годишната програма на Woman in Adria Македонија.
Очекувањата за бројот на вработени се дека ќе останe речиси непроменет во наредните три месеци.
На секоја од обуките учество ќе земат по 25 студенти, вкупно 100 студенти на целата академија. Истите ќе следат обуки на следните теми: комуникација, динамика на тим, влијание во решенија и лидерство.
Стипендистите ќе бидат дел од платформата за доживотно образование и од бизнис инкубаторот во којшто со финансиска поддршка од Универзитетите во Валенсија, Милано и Вашингтон ќе може да ги развиваат своите бизнис идеи и креативни процеси, start-up's, апликации и компании.
Од вкупно 101 компанија котирани на Македонска берза во 2017 година, 78 завршиле со добивка, а 23 компании ја завршиле годината со загуба.
Комерцијална банка информира дека промотивниот дел за инсталација на апликацијата KomPay ќе биде продолжен за пет месеци со што ќе бидат собрани и повеќе средства за младинските домови.
Месечната цена за опција Videо е 99 денари во Smart и Magenta 1 M, додека за корисниците на Smart и Magenta 1 L опцијата е достапна за 0 денари.
Пријавувањето на натпреварувачите трае до 20-ти април, а големото финале ќе се одржи кон крајот на мај во Скопје. Победниот од натпреварот ќе учествува на светскиот натпревар Мајкрософт офис специјалист 2018 година, кој годинава ќе се одржи во Флорида, САД.
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека услугите на експозитуратa на банката во Кавадарци на ул. Илинденска бр.11 ќе можат да се користат заклучно со 18.4.2018 година (среда) до 13 часот.
На позицијата генерален директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер доаѓа од Украина каде во изминатите пет години ја извршуваше функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија.
Вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен во Република Македонија изнесува 1.740 часови.
HISPA центарот ќе овозможува идентификација, дијагноза, третман и следење на пациенти со висок крвен притисок и пациенти со ризик за кардиоваскуларна болест.
Влезот на Porsche во Формула E во 2019 година ќе се совпадне со лансирањето на производната верзија на концептната студија Mission E.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21,8 %, недоволната странска побарувачка со 19,7 %, недоволната домашна побарувачка со 18,3 % и неизвесното економско опкружување со 10,7 %.
Акцијата наречена HOME, ќе трае цел месец и ќе понуди мебел, теписи, постелнини, најразлични украси, садови за домаќинство и други производи за домот, со докажан квалитет и од познати и реномирани производители, а по многу пристапни цени.
Pitching Competition е отворен за јавноста и ќе се оддржи во ЕКСПО салата (во Спортскиот центар Борис Трајковски, главната сала) со почеток од 09:30 часот.
Витаминка, со неодамнешното потпишување на купопродажниот договор се стекна со сопственост на целиот недвижен и движен имот на штипскиот производител и правата од индустриска сопственост, што вклучува трговски марки и индустриски дизајн.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.
Во делот аутпут, во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 93.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.0.











