Претпријатијата од секторот Трговија на големо и на мало и секторот Преработувачка индустрија учествуваат со повеќе од две третини во вкупниот промет (69,1%), а по нив следат секторите Градежништво со 8,2%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Транспорт и складирање со 5,9%.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (69,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 20 (10,6%) за објекти од нискоградба и 37 (19,6 %) за објекти за реконструкција.
Преку веб страната www.triglav.mk, можност да направат електронска обнова на полисата за автомобилска одговорност имаат физички и правни лица, кои имаат валидна платежна картичка на Visa, или MasterCard, пристап до валидна електронска адреса и можност за печатење на полисата.
Со учество во DigiGirlz програмата, младите девојчиња може да се запознаат и со бројни можности што се наоѓаат во технолошката индустрија и да ја разгледаат нивната идна кариерна патека.
Мандатот на Андонов официјално започна на 4 март, а на управителската позиција на АМЕРИТ тој го наследи Емил Милев, кој беше на чело на оваа транспортна асоцијација од 2014 година.
Почнувајќи од 07-ми до 11-ти март, претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Репубика Македонија (АППТ), на професионално организираниот македонски штанд, во позитивна и пријатна атмосфера, ќе ги запознаваат сите посетители со туристичките вредности на нашата земја.
Инаку, новата сервисна акција Врати му со љубов на твојот Ford подразбира промотивни цени за редовен сервис, ламела сет со друк. лагер и оригинални Ford амортизери, а во сите цени е вклучена и работната рака.
Претставник од Македонија на годинашниот форум беше еден од најуспешните македонски бизнисмени, мнозинскиот сопственик на М6 Инвесмент груп и претседател на Управниот одбор на винарската визба Тиквеш, Светозар Јаневски, кој беше говорник вториот ден од форумот во рамките на Панел 3 на тема Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област.
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.
Во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15,6%.
Минатата година Job Fair се покажа како најуспешен досега, со рекордно учество од вкупно 35 компании.
Во рамките на оваа акција, која се одржа под мотото Садиме љубов, жени од сите работни позиции во Пивара Скопје, се дружеа со децата од СОС Детско Село и заедно засадија цвеќе и други декоративни растенија со што придонесоа за разубавување на амбиентот и околината на комплексот.
На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со брендираното гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, можат да користат услуги на банката и технички прегледи, масла од палетата на ЛУКОИЛ, широк спектар на дополнителен асортиман како и високо-професионални услуги од персоналот.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, забележа пораст од 1,9%, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3,5%.
Се очекува реализацијата на оваа мерка да придонесе за поттикнување на иновациите и трансфер на технологии кон стопанството и меѓу компаниите, освојување на нови пазари, јакнење на знаењата и вештините за развој на кластерите, зголемување на конкурентноста на македонска економија и др.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил.
Позитивните и негативните примери и кај едните и кај другите се бројни, но интересно е да се види што покажува статистиката за тоа колку се безбедни жените и мажите во сообраќајот.
Чешкиот автомобилски производител за прв пат презентира возило со CNG, бензин и електричен погон
На Денот на поезијата, 21-ви март, секој ќе може да се напие кафе или чај кој ќе инспирира да се напише стих и поема за да се Плати со поезија.
Асортиманот на Фантазија го сочинуваат полуготови миксови за колачи или солени кекси, како и додатоци за колачи и кулинарство што се користат за подготовка на колачи, крекери, мафини како и голем избор на декорации за десерти.
Овие дополнителни 12 прочистувачи, од моделот Blue Air 221 од произведувачот Blue Air од Шведска, ќе овозможат да просториите во коишто нашите најмили ги поминуваат своите детски денови бидат заштитени од ефектите на загадениот воздух.
Групацијата Триглав, според неревидираните податоци, оствари 84,4 милиони евра добивка пред оданочување, а планирано беше помеѓу 70 и 80 милиони евра.