Во организација на локалната канцеларија на Мајкрософт за Македонија, денеска се одржа конференција на која беа презентирани cloud базираните решенија која компанијата ги нуди.
Целта на оваа конференциjа е на едно место да се обединат студентите, претставниците од академската средина и компаниите кои се занимаваат со енергетската ефикасност и одржливиот развој за да се овозможи научно-истражувачка работа.
Македонските земјоделци треба да се здружат и да го применуваат принципот на договорно производство, ако сакаат да бидат успешни и конкурентни.
Преку овој систем ќе се евидентираат сите подземни инфраструктурни објекти со што во иднина ќе се намали нивно оштетувања што досега беше случај при ископувања на земјиштето.
Јавна расправа по студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот Изградба на интерконективен надземен вод 400 КV ТС Битола 2 македонско албанска граница и ТС 400/110 кV Охрид
Целта на корпоративната општествена одговорност е како да им се помогне на компаниите да се вклучат во КОО, фокусот на малите и средни претпијатија и препознавање на општествено одговорни практики.
Seavus таргетираше уште осум градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на IT кадри. Станува збор за следниве градови: Гостивар, Тетово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Радовиш, Делчево и Пробиштип.
Украинска инвестиција од 18 милиони долари ќе отвори 150 нови работни места во Македонија. Станува збор за компанијата Енергија Лтд од Киев, која што се занимава со производство на иновативни технологии за прочистување на вода.
Првата индустриска зона Прилеп 1 ќе ги прошири речиси сите дејности во прилепското стопанство. Со денешните две, досега со градба почнаа вкупно пет фирми од графичката, прехранбената и трикотажната индустрија.
Во штипската индустриска зона Запад денеска почна изградба на фабрика за производство на заварени склопни елементи за шасии за автобуси.
Целта на програмата е да овие три централни банки да се подготват за влез во Европскиот систем на централни банки, со што ќе бидат целосно квалификувани за членство во Унијата.
Македонски Телеком почнува со голема наградна игра за сите 3Max корисници со главна награда – 3 патувањa во Бразил на финалето од Светското првенство во фудбал.
Компанијата вклучува околу 80 вработени и брзо се развива. Обезбедува високо ниво на стручност и трансфер на знаење. Поради тоа, Cosmic development ќе ги вработи најдобрите студенти на кои ќе им се обезбедат атрактивни плати со многу уникатни бенефиции.
Изборна седница на Редовното Годишно собрание на Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) ќе се одржи денеска во Скопје.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, и преработките од нафта.
Во рамки на 12-тиот Меѓународен саем за вино (ИВСП) во престижниот хотел Хилтон денеска се одржуваат две дегустации на 7 бели и 7 црвени македонски вина.
Целта на овој Меморандум, како што беше нагласено, е компаниите од агросекторот навреме да добијат информации за сите законските измени, како и консултации поврзани со решенија од европската регулатива.
Тутунската индустрија во Македонија е една од позначајните во државата. Оваа индустрија учествува со 16% до 18% во бруто домашниот производ, а со околу 30% го полни и Буџетот на државата.
Цените на горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Во следните две недели на бензинските пумпи по повисока цена за еден денар ќе се точи и дизел горивото, па така новата цена на Еуродизел (Д-Е V) е 67 денари за литар.
Постпејд корисниците кои користат електронска сметка и оние кои од денеска ќе ги заменат хартиените сметки и ќе преминат на електронска сметка, добиваат одлична можност да станат потенцијални добитници на некоја од 100-те награди, меѓу кои Samsung Galaxy S4, велосипед, надворешен хард диск и десетици USB стикови, ранци и чадори.
Во овој момент се работи на изготвување на основен проект за втората делница од оваа пруга, односно делницата од Бељаковце до Крива Паланка, а во март оваа година започнаа градежните работи на првата делница од Куманово до Бељаковце.
Секој вработен го чини својот работодавец, во просек, по 33.107 денари месечно, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2012-та година.
Дваесет вработени во компании од групацијата од Македонија, Црна Гора и Унгарија ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците компанијата ќе донира по 1.500 денари за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.
Cable-wake паркот претставува парк за скијање на вода и алтернативни адреналински спортови, исклучително популарни низ Европа и САД.