Пивара Скопје АД на македонскиот пазар го лансира новиот пивски бренд Amstel Premium Pilsner. За новата производна линија од компанијата вложиле 600.000 евра сопствени стредства.
Покриеноста на увозот со извоз е 65,1%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - февруари 2014 година, изнесува 374.093 илјади американски долари.
Лабораторијата Ин Витро Фертилизација (ИВФ), при одделот за гинекологија и акушерство е првата лабораторија на Балканот и меѓу ретките во Европа која се стекна со сертификат за квалитет и компетентност согласно стандардот ISO 15189:2013.
Турбините на ХЕЦ Шпилје кај Дебар, во првото тромесечие од годинава, произвеле 25 милиони киловат часови електрична енергија.
Со цел да им помогне на средношколците при изборот на факултет, на 12 април со почеток од 11:00 до 16:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА по втор пат ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација под наслов „Професијата како личен идентитет“.
Американска компанија за сигурносни производи Key Safety Systems (KSS) го проширува своето производство во Македонија. Планира отворање на 800 до 1.000 работни места, а локацијата на фабриката е Кичево.
Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во одлична состојба, а пролетната сеидба во полн ек, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Винчини 70% од производството го пласира на странскиот пазар во вкупно 40 држави, а со помошта на странскиот експерт раководството планира присуство на производите во 60 држави.
Нискобуџетната компанија Визер од денеска ја воведува директната авиолинија Скопје - Париз. Компанијата на оваа релација ќе сообраќа два пати во неделата од аеродромот Александар Велики.
Градежната компанија Гранит објави оглас за вработување на 670 лица, што ќе бидат ангажирани за изведување градежни работи на новите автопатишта Миладиновци - Свети Николе - Штип и Кичево – Охрид.
Болницата Свети Лазар хоспитал денеска го објави ребрендирањето и го промовираше новото име Моја Болница, специјална за гинекологија, акушерство и ортопедија, како и почетокот на соработката со Гувен.
Лабораторијата за испитување на текстилни материјали постојано е користена од академската заедница за научни истражувања, но и за потребите на компании кои произведуваат или увезуваат такви материјали.
За изградба на нов административно-деловен и магацински простор, наменет за пакување и препакување на логистички пратки, на компанијата Дени интернационал, денеска беше поставен камен-темелник во Општина Илинден.
Студенти од осум факултети ќе бидат дел од програмата за практиканти на ОКТА. Целта на оваа програма е да им се понуди на студентите искуство со кое ќе станат целосно подготвени во започнување на сопствените професионални кариери.
Денеска во Крива Паланка беше одржана презентација на проектот Си подаваме раце за подобра иднина, финансиран во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка
Во првиот квартал од 2014 година, осигурителната компанија Винер-Виена Иншуренс Груп остварила рекордна полисирана премија од речиси 300 милиони денари, што е пораст за 20%
Четврт милион евра изнесува извозот во првиот квартал од годинава извозот од технолошко – индустриските развојни зони (ТИРЗ).
Израелската компанија Бен Дор, која е заинтересирана за отворање откупно-дистрибутивен центар во Гевгелија на средбата со гевгелиските производители на зеленчук и овошје, го соопшти првичниот бизнис план.
Со средствата што се собраа преку кампањата во текот на месец март, Техномаркет го опреми Здружението со најсовремени технички апарати на кои ќе се инсталираат програми за орална анимација и музичка подлога за подобро совладување на говорот кај лицата со ова нарушување.
На средбата ќе се разговара за нацрт-записникот од сто деведесет и барањето за пролонгирање на роковите за добивање на А-интегрирани дозволи за усогласување со оперативен план на индустриските капацитети.
Казнетите компании се задолжени да исплатат и надомест на штета во вредност од 100.000 до 550.000 денари, во зависност од количината и видот на нелиценцираниот софтвер што го користеле.
Отворањето на косовското небо за цивилни летови, кое е најавено за денеска, според надлежните институции, треба да овозможи повеќе прелети за Македонија, зголемени приходи од над два милиони евра
Стопанската комора на Македонија преку регионалните комори во Кавадарци и Велес денеска организира бизнис средба на компании од Вардарскиот плански регион и Косово.
Водечката компанија на домашниот автомобилиски пазар Порше Македонија од вчера и официјално е нов, ексклузивен дистрибутер на добро познатиот шпански бренд SEAT.