Еуросупер БС-95 ќе поскапи за 2,5 денари и ќе се продава по цена од 81 денари за литар, додека за три денари поскапуваат Еуросуперот – 98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.
Станува збор за најповолна програма за доброволен прекин на работниот однос во Македонија, каде максималната сума на надомест изнесува 30.000 евра. Програмата се однесува на вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.
ЦИРа и минатата година, на петтиот јубилеј од своето постоење, му додели две награди на Алкалоид, и тоа во категориите Однос кон вработени и Однос кон животната средина.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на својата интернет страница јавно го објави договорот за закуп на агрокомбинатот Џумајлија, склучен со Сахара Корпорејшн Лимитед.
ИТ и софтверска компанија Seavus објави дека ја презеде Александрија, најстариот домашен специјализиран центар за едукација и дообразба во ИТ секторот.
Во првите шест месеци од годинава на аеродромите во Македонија е регистрирано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2012 година.
Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е спонзор на Охридско лето 2013, кое по 53-ти пат се одржува во Македонија.
По средбата на штипскиот градоначалникот Илчо Захариев, со сопственикот на косовската фирма Елкос груп Рамиз Келеменди, беше соопштено дека до крајот на месецов ќе бидат издадени сите градежни дозволи, по што косовската компанија ќе може да ја започне изградбата на новиот трговски центар во Штип.
Собраниската Комисија за европски прашања денес ќе одржи седница на чиј дневен ред е надзорна расправа на тема Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија.
Индискиот милјардер Субрата Рој заедно со својата делегација од Индија е во поесета на Македонија од од вчера попладне, денес ќе го посети локалитетот Љубаниште во Охрид.
Македонија и Србија го потврдија заедничкиот интерес за понатамошно продолжување на позитивниот тренд на солидна трговска соработка со земјоделски производи помеѓу двете земји
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) донесе одлука за намалување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентен поен, на 3,25%.
Трите мобилни оператори во Република Македонија Т-Мобиле, Оне и Вип ќе добијат одобренија за користење радиофреквенции од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги.
Преку платформата Тинекс, ти и јас компанијата Тинекс склучи договор за соработка со Здружение за поддршка и помош на социјално исклучени и сиромашни лица Храна за сите - БХМ.
T-Home и T-Mobile вчера објавија проширена програма за дополнителни поволности на лојалните корисници, во која се вклучени и неколку познати трговски компании во државава.
Компанијата Obermeyer Hellas Ltd и Македонски железници - Инфраструктура денес ќе потпишат договор за изработка на основен проект за пругата Бељаковце - Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8.
Македонските и бугарските бизнисмени ќе настојуваат значително да се подобри меѓусебната трговска размена преку заеднички инвестиции во производни погони и да се освојуваат трети пазари.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ се здоби со сертификат на усогласеност со ISO 20000:2011 и ISO27001:2005 - два стандарди за управување со IT сервиси и безбедност на информации.
Новите каматни стапки на кредитните и депозитните продукти се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за кредити и депозити.
Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло- повардарски до крајот на годинава. Дефинираната географска ознака најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.
Седница на Секретаријатот на ЦЕФТА, по повод одлуката на Владата на Македонија за ограничувањето на увозот на брашно и пченица од Србија, ќе се одржи на 22 јули во Белград, јави агенцијата Бета.
Агенцијата Бета повикувајќи се на извори до српското министерство за внатрешна и надворешна трговија јави дека Србија нема воведено никакви официјални мерки на реципроцитет против Македонија, која го ограничи увозот на брачно и пченица од Србија.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, на бизнис форум во Париз ги претстави потенцијалите за инвестирање во Македонија, во инфраструктурата и енергетскиот сектор.
Србија денес наводно не дозволила увоз на домати од Македонија, јавува B92.